Несторовски потврди имал разговори за трансфер во Црвена звезда

twitter.com/Udinese_1896

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски во последните две години постојано беше поврзуван со трансфер во Црвенa звезда, но тој на крајот остана во Италија и сега е член на Удинезе.

Несторовски потврди за Арена Спорт дека минатото лето имал контакти со „црвено-белите“ но не дошло до договор.

– Имаше разговори, понуди… Пред околу осум месеци, и пред повеќе од една година. Но, морав да им се заблагодарам на понудите и интересот. Убаво ми е во Италија, децата одат во училиште, го учат италијанскиот јазик. Никогаш не се знае што носи иднината, но засега во Италија се чувствуваме одлично и остануваме тука – изјави Несторовски.

Напаѓачот на македонската репрезентација минатото лето потпиша тригодишен договор откако неговиот поранешен тим Палермо беше осфрлен во четвртата лига поради финансиски малверзации на претседателот на тимот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот