Несторовски и Елмас од клупата ја гледаа агонијата на Наполи! (ВИДЕО)

фото:твитер

Се одигра уште еден натпревар од 15. коло во најсилното италијанско фудбалско првенство, на „Дачија Арена“ ремизираа екипите на Удинезе и Наполи (1:1).

Македонските репрезентативци Илија Несторовски и Елиф Елмас беа на резервните клупи, но не добија шанса од тренерите Готи, односно Анчелоти на натпреварот во Неапол во Удине.

После првото полувреме водеше Удинезе со погодокот во 32. минута, Фофана убаво го пронајде Ласања, а овој на најдобар можен начин ја искористи шансата.

Во 69. минута се случи израмнувањето, домаќините не внимаваа најдобро на полскиот интернационалец Зиелински кој стрелаше за поставување на конечниот епилог.

Десет минути подоцна кај гостите Максимовиќ кој наместо да се загрева како и останатите за евентуална можност да настапи на овој дуел доби црвен картон кој бурно реагираше кај еден од помошниците после една судиска одлука и тоа го санкционираше главниот судија.

„Наполитанците“ веќе седум натпревари по ред не можат да триумфираат во шампионатот и сега се дури и надвор од позициите кои водат во Европа наредната сезона, односно ја имаат седмата позиција со 21 бод.

А и Удинезе веќе фаќа слична негативна серија, односно четири меча во низа не знае да ги освои сите три бода и моментно е на 14. позиција со 15 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот