Несторовски дебитираше со победа над Милан

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски имаше победнички старт за Удинезе, откако во првото колко од Серија А одигра 20 минути за својот тим кој славеше со 1:0 над Милан. Несторовски влезе во игра во 70-та минута, а две минути подоцна по еден корнер Удинезе поведе преку Бекао.

Вчера пак, за прв пат во најсилната италијанска лига настапи, Елиф Елмас и тоа во дресот на Наполи кој со 4:3 ја победи Фиорентина како гостин.

Третиот Македонец во Серија А, капитенот на репрезентацијата, Горан Пандев одигра една минута за Џенова која остана непоразена на жешкото гостување кај Рома. Иако Рома во три навради водеше со головите на Ундер, Џекои Коларов, фудбалерите на Џенова на крајот успеаја да истанат непоразени благодарение на Пинамонти, Кришито и Куаме.

Првото коло во новата сезона го одбележи тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ. Тој само што ја заврши терапијата, веднаш се упати во Верона и ја предводеше Болоња од клупата. На крајот Болоња остана непоразена играјќи 1:1 против Верона.

Резултати:

Удинезе – Милан 1:0
Рома – Џенова 3:3
Каљари – Бреша 0:1
Сампдорија – Лацио 0:3
СПАЛ – Аталанта 2:3
Торино – Сасуоло 2:1
Верона – Болоња 1:1

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот