НЕОБИЧНА ШПИОНСКА МИСИЈА НА КУРДИТЕ ВО СИРИЈА: Специјален агент му ги украл гаќите на озлогласениот ал-Багдади

Фото: EPA-EFE/ISLAMIC STATE VIDEO

Сириските Курди велат дека успеале да испратат шпион во најблискиот круг на лидерот на Исламска држава, Абу Бакр ал-Багдади, кој успеал да украде едно парче од неговата долна облека. Сега гаќите помогнаа при докажување на неговиот идентитет, а претходно помогнаа и за насочување на американските сили до неговата тајна локација, објави британски „Гардијан“.

Сириските демократски сили (СДФ) тврдат дека одиграле клучна улога во следењето и пронаоѓањето на локацијата на Багдади во северна Сирија, каде наводно тој се подготвувал и го планирал неговото бегство преку границата во Турција.

Од друга страна, Доналд Трамп ја намали важноста на СДФ во акцијата, кои со поддршка од Соединетите Држава водеа жестока борба со Исламска држава изиминатите години. Трамп претходно им го „сврте грбот“ на Курдите со одлуката за повлекување на неговите трупи од северна Сирија, по што Турција спроведе офанзива против за воспоставување на безбедна зона.

– Од 15 мај, ние работевме заедно со ЦИА за да го следиме Ал-Багдади и неговите движење. Еден од нашите извори влезе во куќата каде што се криеше тој. Лидерот на ИД често ја менуваше неговата локација. Потоа тој успеа да одземе парче од долната облека на Багдади, за преку ДНК-та да се осигураме дека навистина е тој – рече Полат Чан, висок функционер во СДФ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот