Ненад Димитријевиќ: Наша цел е да го поминеме Талин, и да играме на турнирот во Полска

фото: kfsm.mk

Ненад Димитријевиќ повторно е со македонската кошаркарска сениорска репрезентација. Ги прескокна претквалификациските средби во ноемврискиот и февруарскиот ФИБА „прозорец“ од претквалификациите за Евробаскетот 2025, оние против селекциите на Словачка, Норвешка и Данска. Но, уште на првите тренинзи ново-стариот играч на рускиот Уникс, освојувачот на ВТБ лигата, покажува дека максимално подготвен е да одговори на следните репрезентативни обврски.

Оние кои од 12 до 15 август ќе се играат во Талин, Естонија, а се надеваме дека ќе ги продолжиме и од 16 до 20 август, во Гљивице, Полска. Репрезентативниот бек е запознат со квалитетите на противниците на турнирот во Естонија, макар што во овој момент се непознати играчките ростери на домаќинот, но и на Чешка и Израел.

ОЛИМПИСКИ ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ-ТАЛИН

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

12. АВГУСТ
16.00: Чешка – Естонија
19.00: МАКЕДОНИЈА – Израел

13. АВГУСТ
16.00: Израел – Чешка
19.00: Естонија – МАКЕДОНИЈА

14.АВГУСТ – СЛОБОДЕН ДЕН

15. АВГУСТ
16.00: Чешка – МАКЕДОНИЈА
19.00: Израел – Естонија

Андреј Маслинко: Ќе одиме на победа на секој натпревар во Талин

– Ги знаеме нивните квалитети, знаеме дека ќе играме против сериозни репрезентации. Со Естонија игравме во квалификациите за Европското првенство пред две години. Тоа е силна репрезентација, а ние се спремаме најдобро што можеме. Да пробаме да преминеме во следната рунда од натпреварите – вели Димитријевиќ.

Македонија во овој олимписки претквалификациски циклус, има ростер од искусни но и млади играчи. Може ли да го издржат притисокот на играње на турнирски систем, и дали двете „контроли“ со Полска во Белград овој викенд, се доволни за максимална подготовка?

– Натпреварите со Полска се предвидени токму за тоа, да се подготвиме за тоа што следува, за турнирот во Талин. И се надевам дека ќе бидеме подготвени за оној прв натпревар таму во Естонија – се зборовите на нашиот репрезентативец.

Може ли Македонија да стигне и до турнирот во Полска?

– Целта е да запишеме две победи и да одиме во Полска. За тоа и се подготвуваме. Но ќе одиме од натпревар до натпревар. Мислам дека така е најпаметно да гледаме на работите. Потоа ќе се сконцентрираме на она што следува – смета нашиот организатор на играта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот