Немири во руската воена база во Белгород, најмалку 11 мртви

Белгород немири / Фото Anton Vergun / Sputnik / Profimedia

Руските медиуми јавуваат за масакр во руска воена база во регионот Белгород. Се уште непознати лица наводно отвориле оган кон војниците.

Нападот го потврди и руското Министерство за одбрана, кое наведува дека во нападот загинале 11 лица, а 15 се ранети. Министерството за одбрана тврди дека се работи за „терористички напад“.

„Терористите отворија оган врз персоналот на единицата за време на обука со луѓе кои изразиле желба да учествуваат во специјална воена операција. Им возвративме со оган и некои од нив се убиени“, се вели во соопштението на руското Министерство, кое го пренесе руската агенција ТАСС.

Полицијата е на терен и го истражува нападот, додава ТАСС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот