Хиперсонично оружје, Фото: Profimedia

Немаат само Русите – САД кон крајот на март тестирале хиперсонични ракети

Соединетите држави успешно тестирале хиперсонична ракета кон крајот на минатиот месец. Тестот бил изведен неколку дена откако Русија објави дека користела сопствена хиперсонична ракета од типот „Кинжал“ за време на изведувањето на борбените дејствија во Украина.

Пентагон не сакаше да излезе во јавност и да дава детали околу тестирањето на овој тип на ракета бидејќи стравувал од евентуални тензии со Русија во време кога претседателот Џо Бајден се наоѓаше на турнеја во Европа, информираше за Си-Ен-Ен официјален претставник на американските вооружени сили.

Концептот на оружје за воздух за дишење (ХАВЦ) беше лансиран од бомбардер Б-52 на американскиот западен брег, изјавил официјалниот претставник.

Тестирањето било спроведено неколку дена откако Русија објави дека користела сопствена хиперсонична ракета за време на инвазијата на Украина, тврдејќи дека надалеку познатиот „Кинжал“ го искористил исклучиво за уништување на складиште за муниција во западна Украина.

Оваа информација како и постоењето на новото руско хиперсонично оружје беше минимизирано од американските власти кои сакајќи да ги сузбијат митовите околу незапирливото ново руско оружје, оценуваат дека проектилот Кинжал не е ништо ново.

И Пентагон и Белата куќа оценија дека новото оружје кое Русија го користи во Украина не е ништо ново и дека со него Русите нема да можат да направат некоја драматична пресвртница во кршењето на отпорот на украинската армија, која за многумина е изненадување, особено што Украина секојдневно добива ново оружје од НАТО земјите.

Хиперсонична ракета / Фото: МИА

Секретарот за одбрана Лојд Остин рече дека не го смета тоа за „пресвртница“.

Тестот на американскиот проектил се реализирал во време кога претседателот Џо Бајден се подготвуваше да ги посети сојузниците на НАТО во Европа.

Инаку Русија стана првата земја што го тестираше овој нов тип на проектили во борба, наречен „незапирлив“. „Незапирлив“ се однесува на неговата моќност бидејќи се смета дека засега не постои ниту еден против ракетен систем во светот кој би можел да го детектира и да го уништи „Кинжалот“ кој лета кон однапред утврдената непријателска мета.

Инаку светските суперсили во бескрајната потрага да пронајдат оружје што ќе им ја даде потребната моќ да ги уништува своите противници, пронајдоа нов тип на оружје: ултра брзи „хиперсонични“ ракети кои можат да погодат цели каде било низ светот во рок од еден час.

Со користење на најсовремени технологии кои штотуку се усовршија, овие нови оружја се нарекуваат „незапирливи“ за веќе постоечките ПВО и антиракетни системи.

Со стрелањето на својата хиперсонична ракета Кинжал во западна Украина – Русија стана првата земја што тестирала ваков тип на проектили во борба.

Што е хиперсонично оружје?

Зборот „хиперсонично“ означува се што патува пет пати побрзо од звукот – 6.174 километри на час или повеќе. Со други зборови, исклучително брзо. Брзината е важна затоа што го оневозможува противникот навремено да биде предупреден и помалку време да реагира.

Фото: Руско министерство за одбрана/Твитер/принтскрин

И повеќето од досега познатите типови на балистички ракети имаа способност и технологија да се движат многу брзо кон целта. Но, она што ги прави различни хиперсонични проектили е тоа што тие се лизгаат во горниот дел од атмосферата и имаат големи маневрирачки можности. Балистичките проектили, откако ќе бидат лансирани, имаат многу ограничена способност да го променат правецот, слично како што тоа го има куршумот испукан од пешадиско оружје.

Овие нови хиперсонични проектили доаѓаат во две форми: првите се хиперсонични лизгачки возила (HGV), кои ја напуштаат Земјината атмосфера и потоа се нурнуваат назад во неа, лизгајќи се низ горните слоеви и во непостојани движења и кривини, го измамуваат непријателскиот радар во однос на целта.

Секоја војна практично претставува саем за презентација на нова воена технологија и нов тип на софистицирано оружје. И САД, но и Велика и Британија и Франција во минатотото, при секоја воена интервенција во странство прикажуваа нови типови и модели на оружје, кои со леснотија ги уништуваа зацртаните цели.

За време на бомбардирањето на СР Југославија во 1999-та година се појавија американските стелт бомбардери Б-2 и Ф- 117 кои практично најавија во која насока ќе се движи технологијата на борбената авијација во 21 век.

Досега презентираното хиперсонично оружје во Укриана веројатно навестува кон што во иднина ќе се стреми новата ракетна технологија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот