НЕМА ВЕЌЕ РАЗУБАВУВАЊЕ: Нова алатка открива дали сте користеле фотошоп на вашите фотографии

Секоја година „Адоуб“ им овозможува на своите инженери малку да се забавуваат со експериментални проекти кои ќе бидат прикажани на конференцијата на компанијата „Макс“. Тие експерименти – наречени „Сникс“ – често пати подоцна се интегрираат во производите на „Адоуб“.

Можеби најинтересна од сите нивни алатки е „About Face“, која е способна да детектира дали постојат манипулации со фотошоп на лицата на луѓето на фотографиите, пренесе српски „Блиц“.

Со помош на модерните алатки за фотошоп, многу е лесно да се измени нечија фотографија, за некој да се направи поатрактивен или за негово исмевање, а новата алатка на „Адоуб“ излгеда дека ќе биде „лек“ против оваа појава.

Принтскрин/Јутјуб

Едноставно се прикачува фотографијата во алатката и таа проценува дали со неа е манипулирано или не, покажувајќи виртуелна мапа на променетите делови.

Прочитајте и...  Дебитантски настапи, изненадувања и победници: Многу емоции на јубилејното издание на „Макфест“ (ФОТО)
Принтскрин/Јутјуб

Според пишувањата на порталот TNW, „About Face“ делува како да е дизајнирана да „фаќа“ промени направени со алтката „liquify“ на фотошоп, па со неа можете да забележите каде пикселите се растегнувани, стеснувани или додавани.

Покрај се поголемите загрижености околу лажните вести, фотографии и видеа кои се појавуваат на интернет, „About Face“ би можела да стане многу важна алатка која редовно ќе се употребува.

Прочитај повеќе

Нутриционистите тврдат: Ова е појадокот ако сакате да го „стопите“ стомакот

Слободен печат

Дебитантски настапи, изненадувања и победници: Многу емоции на јубилејното издание на „Макфест“ (ФОТО)

Михаило Донев

„Оди јади нешто, убава си, ама твоето тело…“: Фановите ја искараа Емина Јаховиќ поради оваа фотографија!

Васко Спасоски

Настапи немаат, но сепак заработуваат пари: Северина и Нина Бадриќ имаат друга професија! (ФОТО)

Васко Спасоски

Осум години учела да стане чесна сестра, а денеска глуми во порно-филмови! (ФОТО)

Васко Спасоски

Ова е веќе нереално! Погледнете како изгледа Џенифер Лопез на најновата фотографија во бикини! (ФОТО)

Васко Спасоски

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Подготвени дочекајте ја зимата – Шипката важи за ризница на витамин Ц

Слободен печат

Ѕирнете како беше во Штип: „Макфест 2020“ низ фотографии (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Васко Спасоски

Бојата открива многу: Еве што значи ако ретко или пречесто уринирате

Слободен печат

Риба во фолија на мексикански начин – Совршен ручек за крај на летото

Слободен печат

Првата дама Елизабета Ѓоргиевска блесна како филмска дива на 41. издание на „Браќа Манаки“ (ФОТО)

Васко Спасоски

Откриена тајната за подолг живот: Топол туш и добро друштво

Слободен печат