Нема град без активни на Ковид-19, вкупно 2.208 случаи во земјава

Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 14.871.

Нема град во земјава во кој нема позитивни на Ковид-19. Вкупниот број на активни случаи во моментов е 2.208, најмногу и натаму се во Сопје 755 по што следуваат Куманово со 277, Гостивар 146, Прилеп 143, Тетово 121 и Штип 111.

Во другите градови се бројат под 100 случаи, а најмалку има во Крушево и Ресен по еден, и во Валандово двајца.

Во болниците моментално се лекуваат 295 пациенти, од кои 43 се на кислородна поддршка, а по подолго време нема пациенти на механичка вентилација.

Во изминатото деноноќие се направени 1.486 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи со Ковид-19, најмногу во Скопје-40, Прилеп-12 и Куманово-10. Институтот за јавно здравје регистрира и 89 оздравени пациенти и тројца починати.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 14.871, оздравени се 12.054, а починати 609.

Направени се вкупно 154.948 тестирања на Ковид -19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот