Нема физичко присуство поради ковид-19: Сасоли најави онлајн седница на Европскиот парламент

Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Седницата на Европскиот парламент (ЕП), што е планирана од 19 до 22 октомври, ќе биде организирана со видео-конференција, а не со физичко присуств поради пандемијата на коронавирусот, објави денеска претседателот на ЕП, Давид Сасоли.

– Со жалење соопштувам дека пленарната седница следната недела нема да се одржи во Стразбур, туку ќе биде на далечина”, напиша Сасоли на Твитер.

Тој наведе дека здравствената состојба во Франција и Белгија е „многу сериозна”.

– Стазбур останува седиште на Европскиот парламент и ќе сториме сè што можеме за да се вратиме, додаде претседателот на ЕП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот