Неколку години по нападите на 11 септември преживеаните УМИРААТ од рак

Кули близначки/ Фото: Профимедиа

Жаклин Фебрилет имала 26 години и работела во близина на Светскиот трговски центар кога на 11 септември 2001 година џихадистите ги срушиле кулите Близначки во Њујорк, а денес е една од повеќето илјади заболени од рак заради изложеност на отровни материи по нападот.

По терористичките напади, Фебрилет родила три деца, но во 2016 година и е дијагностициран рак, кој се развил, најверојатно заради токсичниот отпад и облакот од пепел на кој била изложена.

Ричард Фарер (37), кој неодамна станал татко, пред 18 месеци е дијагностициран со агресивен вид на рак на дебелото црево, кој инаку ги погодува многу постарите мажи.

Фарер, кој работел во Менхетн од 2001 до 2003 година, немал никакви предиспозиции за таа болест, пренесува хрватски Индекс.

Фарер и Фебрилет ја сочинуваат категоријата на пациенти кои живееле и работеле во близина на Светскиот трговски центар за време на нападите во Њујорк, во кои се убиени 3.000 лица, додека 6.000 беа ранети.

Од тогаш, Њујорк не престанува да ги брои новите случаи на карцином и други тешки болести, пред се на плуќата, што, како што се наведува, е поврзано со токсичниот облак кој со недели лебдеше над јужниот дел на Менхетн.

Првите жртви биле десетици илјади пожарникари и волонтери кои ги расчистувале рушевините на Светскиот трговски центар.

Според студиите направени во еден научен магазин во 2011 година, баш кај тие личности е зголемен ризикот од заболување од карцином.

Во регистарот на здравствената програма на Светскиот трговски центар, на сојузната програма за лицата кои ги преживеале нападите на 11 септември, се наоѓаат 10.000 заболени од рак.

На крај на 2019 година, повеќе од 21.000 заболени се утврдени во програмата на Светскиот трговски центар, два пати повеќе од јуни 2016 година.

Меѓу нив се скоро 4.000 заболени од рак, со тоа што најчест е ракот на простата, дојка или кожа.

Главниот доктор на пожарникарите од Њујорк, Дејвид Презент рекол дека е невозможно за секој поединец да се утврди точната причина за заболување од карцином, бидејќи ниту еден крвен тест нема да го покаже „жигот“ од нападите на Светскиот трговски центар.

Сепак, како што нагласил тој, неколку студии потврдиле дека „процентот на заболени од рак пораснал помеѓу 10 и 30 отсто кај лицата што биле изложени на честичките“ на денот на терористичките напади.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот