Некој фрлил бомба во двор од куќа во Прилеп

Полиција СТОП сообраќај сообраќајка
Полиција лента / Фото: Драган Митрески

Непознат напаѓач фрлил експлозивна направа во двор од куќа во Прилеп, соопшти полицијата.

„На 22.01.2022 година во 22.10 часот во СВР Битола, М. Д. (34) од Прилеп пријавил дека во дворот на куќата била фрлена експлозивна направа при што е причинета материјална штета“, се вели во полицискиот билтен.

Од МВР додаваат дека во инцидентот нема повредени, како и дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот