„Џевахир скај сити“
„Џевахир скај сити“, највисокиот комплекс згради изграден во Скопје / Фото: Фејсбук, „Џевахир скај сити“

Некои станари плаќаат за струја, други не – дали сите во „Џевахир“ ќе патат?

Од ЕВН потврдуват дека постои долг за неплатена струја во кулите на „Џевахир холдинг“. Во јавноста излезе веста дека вчера граѓани морале да одат до 40-ти спрат затоа што немало електрична енергија, останале и без вода за пиење, а студена била водата и во базенот, теретаните, односно во заедничките простории за кои тие плаќаат месечен надомест.

Од управителот на зградите пак упатија демант дека станува збор за долг за струја на заеднички поростории, а за лифтот соопштија дека имало краткотраен дефект. Оттаму информираат и дека „огромен е бројот на станари кои нередовно ги подмируваат своите сметки и дека за жал, во оваа ситуација се оштетени и дел од станарите кои редовно ги подмируваат своите сметки.“.

Денеска, од ЕВН за „Слободен печат“ изјавија дека долгот кон нив е се` уште отворен, односно само е делумно подмирен.

– Од вкупно 4 исклучени мерни места во кулите на Џевахир, вчера повторно се приклучени само 2 мерни места за кои имаше уплата – изјавија од ЕВН.

Управителот на зградите „Се клуб фасилити менаџмент сервис“ ДОО Скопје вели дека постои долг од 6 милиони денари, но тој се однесува на посебни станови.

„Осветлување во заедничките простории имаше и има постојано, со оглед на тоа што се подмирени сметките од страна на „Се клуб фасилити менаџмент сервис“ ДОО Скопје за кои како управител, согласно чл. 19 ст.2 од Законот за домување, е задолжен истиот. Во продолжение, би сакале да појасниме дека долгот во вредност од 6.000.000 денари кон ЕВН постои, меѓутоа, истиот се однесува на потрошена електрична енергија за греење, ладење и топла вода во посебните делови (становите) во кула А и кула Б односно за ВРВ системот, а не за заедничките простории“, соопшти управителот.

Оттаму потенцираат дека „лифтовите во кулите не биле во функција околу 10 минути, поради проблем од техничка природа, кон чиешто решавање е постапено веднаш, повикан е овластен сервисер и лифтовите се повторно ставени во функција за накраток можен период“.

Компанијаат која е домачин на зградата реагира и дека од 1 јули 2022 година станарите во вакви комплекси се обременети со струја поскапа за 140 проценти и дека се бара инсталирање на посебни броила во секој од посебните делови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот