Некогаш во Баерн, сега во големиот ривал: Чаби Алонсо нов тренер на Леверкузен

Фото: EPA-EFE/KIKO HUESCA

Шпанецот Чаби Алонсо своевремено важеше за еден од најдобрите играчи за врска во светот, а од денес и официјално го започнува својот прв сениорски тренерски ангажман.

Баер Леверкузен потврди дека Алонсо ќе биде нивниот нов предводник. Во Леверкузен, Алонсо пристигнува на местото на Џерардо Сеоане кој бележеше лоши резултати оваа сезона. Леверкузен очајно ја започна сезоната во Бундеслигата и се наоѓа на 17. позиција, што секако е далеку од амбициите на клубот.

За многумина одлуката на Леверкузен да му даде доверба на Алонсо е изненадувачка со оглед на тоа дека досега нема сениорско тренерско искуство, а освен тоа како играч беше дел од нивниот голем ривал, Баерн Минхен.

„Го познавам клубот, ова е одличен клуб од моето време во Германија. Секогаш Леверкузен имал одлични играчи, па така е и сега. Овој предизвик ме возбудува. Брзо се договоривме и имаме амбициозни цели“, изјави Алонсо.

Во своето скромно тренерско искуство Алонсо го водеше тимот на Реал Сосиедад Б, а една сезона помина и со генерацијата до 14 години во Реал Мадрид. Како играч пет сезони играше во Ливерпул, пет во Реал Мадрид и три во Баерн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот