Нејшнл интерест: Иако Вашингтон се заканува со нови санкции кон Москва, зголемен увозот на руска нафта во САД

Архива на СП

Годинава се случува хипокризија, додека американскиоте сенатори се закануваат со нови санкции против Русија, вклучително и казнени мерки за гасоводот „Северен тек – 2″, САД станаа најголем увозник на руска нафта, јави изданието Нејшнл интерест (National Interest).

Нејшнл интерест е списание со републикански погледи и излегува два пати месечно.

САД годинава станале најкрупен купувач на руската нафта, односно купиле 12 отсто од вкупниот извоз на нафта од Русија, директни испораки кои не одат транзит туку се користат од американските рафинерии.

Изданието цитира бројки од Агенцијата за енергетска информација на САД според кои во првото полугодие на 2020 година било увезено 9.3 милиони барели руска сурова нафта, најголема количина во изминатите шеснаесет години.

Причината за зголемениот увоз е поради тоа што многу рафинерии распоредени на крајбрежјето на американскиот Мексикански залив, користат тешка сурова нафта со големи концентрации на сулфур што досега ја добивале од Венецуела.

Поради санкциите кон Каракас, оваа нефта сега е недостапна, а бидејќи голем број рафнерии во САД користат процес на каталитички крекинг, не можат да ја употребуваат лесната и нискосулфурна нафта што во САД претежно се вади преку фракирање.

Исто така, руската нафта била најконкуретна по цена и транспорт.

Според аналитичарите, американските нафтени компании и трејдери треба да прекинат со купување руска нафта, да се запазат стратешките интереси на земјата и земат в предвид пошироките контексти на глобалната конфронтација што Русија ја води против САД

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот