Нејмар нудел пари за да се врати во Барса

„Мундо депортиво“, весник близок до Барселона вели дека приказната сам ја завршил Нејмар. Тој го информирал клубот дека нема ништо од договор, дека останува во ПСЖ уште една сезона.

Неколку месеци преговори не дадоа резултат, Нејмар и самиот се обиде нудејќи 20 милиони евра, на тие 130 на Барса со цел да ја зајакне понудата во кеш, но и тоа ПСЖ го одби.

Значи, 130 милиони, Ракитиќ, Тодибо и Дембеле на позајмица не беа доволни, а нова понуда од Барселона не се очекува. Се шпекулира и дека францускиот шампион ја кренал цената со цел да го задржи својот играч после информацијата дека Јувентус нема намера да го продаде Дибала.

„Л`Екип“ потврдува дека веќе одлучил Нејмар, заминува во Америка каде е собирот на бразилската репрезентација, а кон средината на септември ќе биде во тимот на „светците“. Доколку евентуално не следува пресврт во последен момент, не постои можност ниту Реал да влезе во игра за неговиот потпис, од две причини.

Првата е што таквата „операција“ заедно со платата на Нејмар и даноците би била околу половина милијарда евра, а втората причина е што ниту самиот Бразилец не покажал интерес по повод евентуален трансфер во Мадрид, иако се најавуваше дека на „Бернабеу“ би можел да заработува 40 милиони евра по сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот