Реал има уште 155 милиони евра за трошење

EPA-EFE/FERNANDO ALVARADO

Реал Мадрид повторно не ја започна сезоната како што очекуваат, играта не ветува трофеи, а тренерот Зинедин Зидан веќе се најде на удар на навивачите и на медиумите.

Иако Реал Мадрид потроши веќе 303 милиони евра за засилувања, претседателот Флорентино Перез планира до крајот на преодниот рок (2 септември) да потроши уште 155 милиони евра.

Според „Марка“ Реал Мадрид во наредните три дена планира да потроши дури 155 милиони евра за едно засилување.
Најголема желба на тренерот Зинедин Зидан е Пол Погба од Манчестер јунајтед но трансферот изгледа како невозможна мисија. Челниците на Манчестер јунајтед најавија дека по стартот на Премиерли лигата немаат намера да го продаваат Погба, доколку не пристигне понуда од најмалку 200 милиони евра, сума која е преголема и за „кралскиот“ клуб.

Желбата на Перез за засилување во средниот ред е Кристијан Ериксен од Тотенхем, но Зидан ја спушти рампата за овој трансфер. Зидан не го сака Ериксен во тимот и смета дека тој не е ништо подобар од Тони Крос и Лука Модриќ и не верува дека ќе ја подобри играта на Реал Мадрид.

Но, се чии дека тие пари ќе бидат доволни за Бразилецот Нејмар кој очајно сака да си замине од ПСЖ. Откако Барселона денеска и официјално се откажа од ангажирање на Нејмар, единствена опција за Бразилецот остана токму Реал Мадрид.

Перез кој е мајстор за трансфери во последните моменти од преодните рокови, верува дека пакет од 155 милиони евра, голманот Кејлор Навас кој е желба на ПСЖ и уште еден играч, ќе успее да го омекне ставот на францускиот шампион и ќе го ангажира Нејмар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот