Нејмар и ПСЖ пред разделба, следна дестинација за Бразилецот може да биде Премиер лигата

Нејмар/ фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Се погласни се гласините дека ПСЖ и Нејмар би можеле да се разделат по пет години и Бразилецот кариерата да ја продолжи во Премиер лигата.

Извори блиски до фудбалерот тврдат дека Нејмар е подготвен да си замине од „Паркот на принцевите“ доколку тоа е желба на клубот, но притоа сака директно тоа да му биде кажано во лице.

Како идна дестинација на Нејмар се споменува Премиер лигата каде само три клуба можат да ги исполнат неговите барања. Нејмар во ПСЖ заработува 35 милиони евра и во моментов таква плата освен ПСЖ можат да си дозволат да му ја дадат се Манчестер јунајтед, Челси и Њукасл.

Јунајтед би бил заинтересиран за Нејмар само доколку би си заминал Кристијано Роналдо.

Челси исто така има пари да му ја „покрие“ платата на Нејмар доколку не успее да најде екстра квалитетно засилување во нападот откако си замина Ромелу Лукаку.

Што се однесува до Њукасл, парите не се проблем за најбогатиот клуб на светот, но прашање е дали Нејмар би сакал да настапува за тим кој следната сезона нема да игра во европските купови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот