Нефи Усеини понудил 10.000 евра во кеш како гаранција за да излезе од притвор

Во охридскиот суд не соопштија детали дали и кога ќе одлучат, а претседателот на судот Васил Баткоски рече дека станува збор за тековен случај и дека законските рокови ќе бидат испочитувани.

Охридскиот советник Нефи Усеини понудил пари како гаранција за да излезе од затворскиот притвор во кој замина сам по 6-дневна недостапност на полицијата. Адвокатот на осомничените браќа Усеини за Телма потврди дека е понудена гаранција за да им се укине мерката притвор или да им се замени затворскиот со домашен притвор или друга поблага мерка.

Двајцата понудиле по 10.000 евра во кеш како судска гаранција, односно вкупната готовина подготвена за таа цел е 20.000 евра. Во охридскиот суд не соопштија детали дали и кога ќе одлучат, а претседателот на судот Васил Баткоски рече дека станува збор за тековен случај и дека законските рокови ќе бидат испочитувани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот