Недостигаат болнички возила во Струмица, директорот Наке Гогов моли за помош

Скопје, окомври 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Директорот на струмичката болница Наќе Гогов преку социјалните мрежи побара помош од граѓаните, вели дека имаат потреба од ново болничко бозило, луѓето да се организираат и да донираат.

-Почитувани пријатели, мои ценети сограѓани , знам дека не би требало да се барат донации на ваков начин, меѓутоа заради малиот број на болнички возила, заради тоа што се застарени и често се расипуваат, заради ситуацијата во која се наоѓаме со корона вирусот каде транспортот на пациенти е неколкукратно зголемен – болничките возила се 24 часа вклучени во транспорт на пациенти од нашата болница до клиничките центри и обратно, ние како “ЈЗУ Општа болница -Струмица” имаме потреба од ново болничко возило кое ќе биде од голема корист за сите граѓани од Струмица и струмичкиот регион- стои во објавата на директорот Гогов.

Да се организираме и да си помогнеме самите, вели тој.

-Ве замолувам сите кои сте во можност и сакате да донирате од срце , каде сумата ќе биде по ваша желба да донирате на следната жиро сметка :660270170248596 . Се надевам дека ќе ја покажеме хуманоста на дело. Ве замолувам споделувајте го статусот- стои во неговата објава на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот