НЕ ВНЕСУВАТЕ ДОВОЛНО ТЕЧНОСТИ? Направете го тоа со помош на храната

лубеница

Да се пие вода е многу важно и не смеете да го запоставите тоа. Таа е најважна за одржување на здраво и хидрирано тело, како и за енергијата да го издржите работниот ден.

Доколку не сте од оние кои пијат многу вода, најважно е да најдете алтернативен начин на кој ќе го хидрирате своето тело. Ова особено важи за летните месеци, кога внесот на течности е особено важен.

Овие алтернативни начини ќе ви помогнат да го хидрирате организмот и да обезбедите доволно енергија за целиот ден:

Чај

Млакиот чај е многу подобар од кој било ладен пијалак, бидејќи со него не предизвикувате температурен шок на телото. Имајте на ум дека и во најтоплите земји од Блискиот исток луѓето пијат топол чај. Изборот е голем, а доколку не можете да пиете топол чај, изладете го во фрижидер.

Смути

Изберете овошја кои содржат доволно вода, како што се јагодите, лубеницата, крушите… Иако е подобро да ги јадете цели, смутито ќе ви обезбеди и хранливи состојки, но и можност да внесете поголема количина овошје отколку кога би го јаделе плодот.

Лубеница

Лубеницата содржи околу 90% вода од нејзината вкупна тежина, а во исто време е и нискокалорична. Редвоно консумирајте ја во лето.

Салата

Доматите, тиквичките, спанаќот, пиперките, краставиците, сите овие зеленчуци содржат вода. Подготвувајте свежи салати кои ќе ги збогатите со семки, јатки или немасно сирење.

Лимонада

Свежо цедениот сок од лимон и други цитруси ја подобрува хидратацијата, а е богат и со витамини и минерали. Внимавајте само како ја засладувате.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот