Не треба да се ограничи испораката на оружје за Украина, смета новипт чешки претседател

Петр Павел/ Фото: ANNA BOHÁČOVÁ / MFDNES + LN / Profimedia

Новоизбраниот претседател на Чешка, Петар Павел, кој е поранешен генерал на НАТО, изјави дека не треба да има никакви ограничувања за воената помош од Западот за воено разурната Украина и ги повика сојузниците да бидат похрабри.

Павел, кој беше на чело на воениот комитет на НАТО од 2015 до 2018 година, победи на претседателските избори во саботата и ќе положи заклетва на 9 март.

Тој рече дека Западот треба да и ги достави на Украина, која се бори против руската инвазија, сите видови оружје освен нуклеарното.

„Што се однесува до конвенционалното оружје, навистина не гледам причина да се постават граници. Украина не може да се бори со толку силен противник без оклопни возила, беспилотни летала, артилерија и проектили со поголем дострел, ниту можеби без суперсонични авиони“, додаде Павел.

Од почетокот на инвазијата на 24 февруари 2022 година, западните сојузници, вклучително и Чешка, ѝ обезбедија значителна воена помош.на Украина.

Според Павел, требало да се покаже поголема храброст, бидејќи „некои земји заземаат малку резервиран став“ во однос на снабдувањето со модерно оружје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот