Не се само луѓето загрозени: Кучињата и мачките можат да добијат топлотен удар, ова се симптомите

Фото: Pexels/ Amar Preciado

Конечно ни пристигнаа летните температури. Иако може да биде забавно да се ужива во топлината, тоа може да донесе и вистинска опасност од топлотен удар. Топлотниот удар е сериозна состојба која обично е предизвикана од високи температури на воздухот. Во оваа состојба, телото повеќе не може да се излади и внатрешната температура достигнува опасно високи нивоа.

Домашните миленичиња исто така може да доживеат топлотен удар и изгореници. За нив треба да важат истите правила, да внесуваат многу течности и да избегнуваат изложување на силна сончева светлина.

Но, како да препознаете и спречите топлотен удар кај кучињата?

Најчестите симптоми на топлотен удар кај кучињата се задишување, тешко и забрзано дишење, прекумерна жед, црвенило на мукозните мембрани и јазикот, зголемено лигавење, повраќање и/или дијареа, летаргија и губење на рамнотежа.

За да ја избегнете оваа здравствена состојба, треба да ги презмете следниве мерки:

Избегнувајте долги прошетки и прошетки на сонце и асфалт.
Обезбедете му на кучето доволно свежа вода.
Ограничете ја неговата физичката активност.
Не ги оставајте во автомобили, дури ни со отворени прозорци.
Подолгите прошетки се препорачуваат рано наутро или доцна навечер.

Во ретки случаи и мачките може да добијат топлотен удар. Симптомите кои може да се појават кај мачките се телесна температура, забрзан пулс и забрзано дишење, дијареа, лигавење или повраќање, дезориентација, проблеми со стомакот.

Покрај наведените мерки, за здравствената состојба на вашето милениче секогаш консултирајте се со ветеринар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот