Не се гарантира безбедноста, одложени натпревари во Германија и Холандија!

twitter/Bundesliga English

Бундеслигашкиот клуб Келн официјално објави дека нивниот меч против Борусија Менхенгладбах нема да се игра поради неповолни временски услови.

Претходно објавивме дека Германија веќе неколку дена се подготвува за невремето „Сабине“ поради кое се очекуваат ветрови со брзина од 120 километри на час.

Поради неповолните временски услови се одложуваат и фудбалски натпревари, и воопшто во спортот. „Сабине“ им направи проблеми на организаторите на Бундес лигата, одложен е мечот меѓу Борусија Менхенгладбах и Келн кој требаше да се одигра денеска од 15.30 часот, и уште три мечеви од пониските германски лиги.

Фудбалскиот клуб Келн објави дека дуелот поради невремето „Сабине“ и дека не може да се гарантирана безбедноста на навивачите.

Исто така и четири натпревари од најдобрата холандска лига се одложени: Утрехт-Ајакс, АЗ Алкмаар-Феенорд, Спарта Ротердам-Ден Хааг и Емен-Твенте, а одложени се уште осум натпревари од третата холандска лига и еден во женската холандска лига.

– После разговорите со клубовите, локалните власти и полицијата, дојдовме до заклучок дека не може да биде гарантирана безбедноста на гледачите и играчите поради временските услови кои се очекуваат – соопштија првите луѓе на холандскиот фудбал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот