Не помага ниту Азар, Реал немоќен против Баерн (ВИДЕО)
Реал предводен од тренерот Зинедин Зидан не тргна најдобро ниту во летните подготовки, а францускиот стратег повторно не сметаше на услугите на Велшанецот Герет Бејл.
Арсенал во Шарлот забележа висока победа против Фиорентина, „топчиите“ славеа со резултат 3:0, а почетно водство донесе Нкетиах во 15 минута од средбата.
Истиот фудбалер ја зголеми предноста во второто полувреме (65 мин.), а конечниот епилог го постави Вилок (89 мин.)
Баерн во Хјустон без проблеми го совлада Реал Мадрид, Баварците запишаа победа од 3:1 против „кралскиот“ клуб во чии редови настапи и новото летно засилување, Еден Азар, а дебитираше и Лука Јовиќ.
По првите 45 минути водеше германскиот шампион со 1:0 благодарение на погодокот на Толисо во 15 минута од мечот.
Сите дилеми околу победникот беа решени за две минути, поточно во 67 и 69 кога стрелаа Левандовски и Гнабри. Поразот на мадридскиот клуб го ублажи Родриго (85 мин.)