Не е прифатена оставката, Стојчев останува на клупата на Академија Пандев

Академија Пандев не го менува тренерот/Фото: facebook.com/fkakademijapandev

Управата на Академија Пандев не ја прифати оставката на Ѓорѓе Стојчев и одлучи стратегот да остане на клупата на струмичкиот тим.

Стојчев по два натпревари без триумф во Првата фудбалска лига најави дека ќе си замине од тренерската функција во Академија Пандев иако екипата се наоѓа на делба на третото место на табелата со 49 бода, само два помалку од второпласираната Шкенија.

– На денешниот состанок на Управниот Одбор на клубот беше разгледена понудената оставка од страна на Шефот на стручниот штаб на сениорскиот тим – Ѓорге Стојчев. Сакаме да ја информираме јавноста дека понудената оставка НЕ Е ПРИФАТЕНА. Управниот Одбор, сите вработени, како и сите кои на било каков начин се поврзани со клубот целосно ја даваат поддршката на тренерот Ѓорге Стојчев, а убедени сме дека резултатската криза ќе се надмине веќе во наредните натпревари. Решението за назначување на Стојчев за тренер на сенирскиот тим не е случајно и го сметаме за најважна алка во градењето на тимот во иднина – соопшти управата на А. Пандев.

Стојчев седна на клупата на пандевци по заминувањето на Александар Васоски во Сараево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот