НЕ Е МОЖНО: Сензационален трансфер на последниот ден!?

twitter.com/afcstuff

Давид Луиз и последниот ден од преодниот рок, како по традиција, едноставно „не можат еден без друг“.

Пред три години, на 31 август, Луиз беше ѕвезда, откако изненадувачки на последниот ден се пресели од ПСЖ на „Стемфорд Бриџ“ за 35 милиони евра.

Три години подоцна се подготвува идентично сценарио, само што промената на средината овојпат подразбира минимална километража и преселба во редовите на лутиот градски ривал, Арсенал. Потребно е само одобрение од Челзи, а за договор им остануваат нешто помалку од 24 часа.

Според „Л`Екип“ на сите начини Давид Луиз се обидува да си замине од Челзи во чии редови ситуацијата е „напната“, бидејќи дефанзивецот е во преговори со „топчиите“.

Со евентуалното негово доведување менаџерот Унаи Емери конечно би го решил „болното“ прашање околу нов дефанзивец, откако немаа среќа со Упамекано (Лајпциг) и Ругани (Јувентус).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот