Не е фатаморгана: Бујната Деми ја подигнува температурата и во пустина (ФОТО)

Манекенката и инфлуенсерка Деми Роуз има една убава навика со која ги развеселува нејзините пријатели на Инстаграм. Не е важно каде е и колкава е температурата, таа подготвено ќе позира во костим за капење.

На Инстаграм ја помина магичната бројка од десет милиони следбеници, а прилично е јасно и зошто манекенката и инфлуенсерка Деми Роуз (23) секојдневно ги бомбардира со бомбастични фотки своите пријатели на социјалните мрежи, а тие никако не можат да се заситат. На неа не и е важно каде е, ниту која е температурата, таа се разголува и позира во костим за капење.

Родителите, како што вели, ја поддржуват и горди се на нејзиниот успех и и даваат голема поддршка. А зошто да не? Освен што одлично заработува како манекенка, повремено работи и како диџеј, а за реклама на Инстаграм заработува и до 10 илјади евра, пишуваат британските медиуми. Се појави и во неколку спотови на светски ѕвезди, а во 2016 година беше обвинета дека се занимава и со проституција. Подоцна обвиненијата беа отфрлени, а на Деми тој публицитет и дојде добро.

Таа веднаш потоа доби неколку успешни договори, со одлични цени кои и овозможија лесен живот.

Со својата последна објава на Инстаграм, на која позира во пустината Невада предизвика вистински хаос.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот