НЕ БИЛА ЗАИНТЕРЕСИРАНА ЗА „ВАЛКАНИТЕ ИГРИ“? Како адвокатот на Трамп лобирал да биде сменета американската амбасадорка во Украина

Фото: Профимедиа/Мери Јованович

Во март, Мери Л. Јованович прими прашање од Стејт департментот: дали би сакала да го продолжи својот мандат како амбасадорка на САД во Украина кој требаше да заврши во август 2020 година? Не пројдоа два месеци, а од истото место доби различна порака: да дојде во Вашингтон со следниот авион, објави „Недељник.рс“.

Нејзината улога на американска амбасадорка во Украина беше завршена.

Како и зошто поранешната амбасадорка, чии родители се Руси, е сменета од функцијата, стана едно од главните прашања на истрагата за импичментот на американскиот претседател Доналд Трамп, кои ја започнаа демократите.

Во своето, речиси деветчасовно сведочење, Мери Л. Јованович потврди дека со месеци го барала одговорот на прашањето зошто Трамп ја загубил довербата во неа и тоа траело, според нејзините зборови, сѐ додека еден колега не ѝ рекол дека „не направила ништо грешно“.

Нејзиното сведочење дава ново светло на дотогашните сознанија, според кои, двајца Американци инсистирале на нејзина промена од амбасадорската позиција, а кои подоцна станале деловни партнери на Руди Џулијани, поранешниот градоначалник на Њујорк и личен адвокат на Доналд Трамп.

Сѐ започнало поради тоа што таа, уште во времето на Барак Обама кога и е поставена на амбасадорската позиција во Украина, развила добри односи со раководството на Нафтогас. Тука се појавуваат и имињата на двајцата Американци – Лев Парнас и Игор Фруман – кои сакале да и продадат американски природен гас на оваа компанија, но биле одбиени.

Тие сметале дека главна пречка за нивниот бизнис всушност била американската амбасадорка во Украина. Според познавачите, тој став има одредена логика, поради фактот што американските дипломати речиси секогаш се многу заинтересирани за енергетиката на земјата во која работат.

Парнас и Фруман сакале да го сменат и извршниот директор на Нафтогас кој ја одбил нивната понуда, но сметале и дека треба да биде сменета амбасадорката Јованович.

Добро се вклопил и фактот што Јованович имала чести судири со украинскиот генерален обвинител Јуриј Лутсенко поради наводи за корупција во обвинителството, па така Парнас и Фруман добиле уште еден сојузник.

Во таа смисла им помагал и Руди Џулијани, кој, според пишувањата на „Њујорк тајмс“, ја претставувал тогашната амбасадорка како „нелојална на претседателот“. А Трамп, веќе тогаш имаше покажано дека е многу чувствителен кога ќе помисли дека некој е подготвен да го издаде.

Иако во нејзиното девечасовно присеќање на целиот период, не понуди конкретни детали во врска со тоа каков тип на кампања Џулијани водел против неа и на кој начин ја претставувал како нелојална кон претседателот, нејзниот случај уште еднаш го потврдува фактот дека оваа американска администрација, како ниту една претходно, во своето сфаќање на надворешната политика клучна улога им даваат на своите интереси и лични добивки, констатираат од „Њујорк тајмс“.

– Лоши лумци. На сите кои влегуваат во дипломатија им станува јасно како се користат лагите за да се манипулира со нашиот систем – рече таа, истакнувајќи дека Стејт департментот се поткопува самиот себеси од внатре.

Иако еден од адвокатите на Белата куќа изјави дека јавните службеници одбиваат да учествуваат во „нелегитимната кампања за импичмент на претседателот“, Јованович покажа дека има такви службеници кои се подготвени да учествуваат во прибирањето на докази дека американскиот претседател заслужува да биде сменет.

– Најголема штета е губитокот на најталентираните и најлојалните државни службеници кои ги има нашата земја. А во иднина ќе ги забележуваме последиците од таа политика кога оние кои чесно и служат на својата земја и сакаат да ја претстават на најдобар можен начин, ќе бидат турнати во втор план поради чиќните интереси, а не јавното добро – заклучи Јованович.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот