НБА ѕвезда е во врска со порно актерка

foto: EPA/EFE, Instagram

Кошаркарот на Шарлот хорнетс, Ламело Бол (19) има нова девојка, тоа е една од најпознатите порно актерки Тиана Трамп.
Порно актерката била чест посетител на натпреварите на Шарлот во изминатите години, а неодамна Ламело и Тиана биле забележани заедно. Американските медиуми шпекулираат дека тие веќе извесно време се во врска, а тоа може да му направи проблеми на кошаркарот со неговиот татко.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Teanna Trump (@msteannatrump)

Романсата со порно актерката која нема добар имиџ во јавоста е спротивна на советите кои Ламело ги добива од неговиот татко Лавар Бол.
Лавар тврдеше дека неговиот син ќе биде еден од најдобрите кошаркари на светот, но и во исто време заедно со останатите двајца синови, Лонзо и Лианџечо, постојано ги предупредуваше да не влегуваат во непромислени љубовни авантури каква што е оваа на Ламело со порно актерката.

Ламело Бол на драфтот кој се одржа на 18. ноември минатата година беше избран како трет пик од страна на Шарлот хорнетс и во досегашните натпревари се наметна како главен фаворит за признанието за дебитант на годината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот