НБА: Победничката тројка на Богдановиќ ја „урна“ Оклахома! (ВИДЕО)

фото:твитер

Богдан Богдановиќ со тројка му донесе победа на Сакраменто во финишот на натпреварот против Оклахома. Кошаркарите на Сакраменто Кингс славеа пред своите навивачи во дуелот против Оклахома со 94:93 благодарение на тројката на српскиот интернационалец на 17 секунди до крајот на дуелот.

После таа тројка, Сити Тандер се обиде да извече триумф, но непрецизен беше Крис Пол на една секунда до звукот на сирената.

Поголемиот дел од средбата водеше Оклахома, но Сакраменто во самиот финиш, после неколку мини пресврти, успеа да дојде до победа.

Во екипата на Сакраменто најефикасен беше Бади Хилд со 23 поени, и по шест скокови и асистенции, но одлучувачка улога имаше Богдановиќ.

Србинот за половина час игра уфрли 17 поени (три скокови), шут од игра 7/12 и 2/7 за три. На спротивната страна најефикасен беше Денис Шродер со 17 поени, два помалку запиша Абдел Надер.

НБА, резултати –

Кливленд Кавалирс-Хјустон Рокетс 110:116
Индијана Пејсерс-Бостон Селтикс 122:117
Орландо Меџик-Лос Анџелес Лејкерс 87:96
Торонто Репторс-Лос Анџелес Клиперс 92:112
Бруклин Нетс-Шарлот Хорнетс 108:113
Чикаго Булс-Атланта Хокс 136:102
Минесота Тимбервулвс-Јута Џез 116:127
Феникс Санс-Мемфис Гризлис 108:115
Милвоки Бакс-Њу Орлеанс Пеликанс 127:112
Сакраменто Кингс-Оклахома Сити Тандер 94:93
Голден Стејт Вориорс-Њујорк Никс 122:124, 112:112 (по 1 прод.)

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА:

1.Лос Анџелес Лејкерс 22-3
2.Лос Анџелес Клиперс 19-7
3.Далас Маверикс 16-7

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА:

1.Милвоки Бакс 22-3
2.Мајами Хит 18-6
3.Бостон Селтикс 17-6

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот