НБА нема да инсистира на задолжителна вакцинација на кошаркарите

КОмесарот на НБА лигата Адам Силвер засега не планира да формира НБА Европа/ фото: EPA-EFE/NUCCIO DINUZZO

Комесарот на НБА лигата, Адам Силвер, во пресрет на Ол-стар натпреварот кој доцна вечерва ќе се игра во Атланта, изјави дека кошаркарите треба што поскоро да се вакцинираат, но тоа треба да го сторат доброволно.
Силвер исто така истакна дека НБА лигата нема да инсистира играчите да примат вакцина против коронавирусот, доколку тоа не го сакаат.

– Веќе гледаме дека расте бројот на луѓе кои се вакцинираат, како што расте бројот и на луѓето кои сакаат да примат вакцина против коронавирус. Што се однесува до тие кое сè уште размислуваат дали да се вакцинираат, мислам дека увидоа оти вакцините се ефикасни. Јас лично сметам дека и кошаркарите треба да се вакцинираат, но тоа мора да биде нивна лична одлука, ние како лига нема да инсистираме на задолжителна вакцинација. Мислам дека тие ќе имаат лична корист од тоа што ќе се вакцинираат. Исто така тие играчи нема да мора во иднина да одат во карантин поради блиски контакти со заразена личност. Многу играчи мораа да пропуштат натпревари иако не беа позитивни, но мораа да одат во карантин – вели Силвер.
Комесарот на НБА лигата, исто така смета оти сезоната ќе се доигра според предвидениот план и нема да биде потребно да се организира плејоф во „меур“ како што беше случај минатата сезона.
– Никој од кошаркарите досега не е вакциниран, а ние досега одложивме релативно мал број на натпревари. Знаеме дека здравствените протоколи функционираат, а ќе направиме голем чекор напред доколку и играчите се вакцинираат, но сигурно нема да бараме од нив задолжително да го направат тоа – додаде Силвер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот