НБА: Мајами ја продолжи финалната серија, „трипл-дабл“ на Батлер (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Кошаркарите на Мајами Хит ја совладаа екипата на Лос Анџелес Лејкерс со 111:108 во петтиот натпревар од НБА финалето и го намалија резултатот во серијата на 3:2.

Лејкерси ја пропуштија првата шанса да бидат шампиони оваа сезона. Наредниот шести меч ќе се игра во ноќта помеѓу недела и понеделник.

Во редовите на „жешките“ Батлер повторно имаше „трипл-дабл“, овојпат со 35 поени, 12 скока и 11 асистенции, Робинсон постигна 26 поени, а „двоцифрени“ беа уште Нан (14), Адебајо (13), Хиро (12) и Краудер (11).

На спротивната страна за „езерџиите“ недоволни беа 40 поени на Џејмс (13 скока), Дејвис додаде 28 поени (12 скока), а Поуп забележа 16 коша.

Лејкерси за првпат оваа сезона излегуваат како поразени на два натпревари во една плеј-оф серија, а исто така првпат се поразени во „Мамба дресовите“, инспирирани од Коби Брајант.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот