Навивачите на Србија ги шокираа Французите,  го прекинаа молкот за Ширак со зборовите „Терорист“  (ВИДЕО)

принтскрин

Одбојкарската репрезентација на Србија ја шокира Франција среде Париз и со 3:2 ги совлада домашните одбојкари за пласман во финалето на Европското првенство.

Освен по големата победа на српските наптревари, полуфиналниот натпревар ќе остане запаметен и по однесувањето на српските навивачи пред почетокот на мечот.

Имено, пред натпреварот спикерот најави една минута молчење во чест на неодамна починатиот поранешен претседател на Франција, Жак Ширак.

Меѓутоа во тие моменти, од трибините каде што се наоѓаа српските навивачи се слушнаа свирежи, а потоа и смеа и извици „Терорист, терорист“.  Според дописникот на „Вечерње Новости“, навивачите исто така извикувале и „Ти не бомбардираше“ и „Косово е Србија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот