ЕКС-ЈУ ФИНАЛЕ: Србија против Словенија за трофејот на ЕП!

cev.eu

Вечерва во Париз го дознавме и вториот финалист на Европското одбојкарско првенство 2019, српската репрезентација со резултат 3:2 по сетови 23:25, 25:23, 25:21, 17:25 и 15:7 го совладаа еден од домаќините на континенталниот собир, Франција.

На тој начин од својата самостојност, Србите го обезбедија своето второ финале на еврошампионатите, првото го одиграа пред осум години кога во Виена со 3:1 ја совладаа Италија и сега ќе се борат за своето второ злато.

Нивни противник в недела (29 септември) од 17.30 часот во Париз ќе биде Словенија која во првото полуфинале ја елиминираше Полска. Словенците кои имаат едно сребро пред четири години, ќе се обидат во своето второ финале за првпат во историјата да се закити и со златен медал.

На вечерашниот дуел во редовите на српската селекција доминираше Александар Атанасијевиќ со 27 поени, следен од Урош Ковачевиќ со 18 поени. За „триколорите“ 29 поени запиша Ирвин Нгапет, 10 помалку Стефен Бојер.

В сабота исто така во францускиот главен град од 18.00 часот за бронзата ќе играат Франција и Полска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот