Навивачите на Келн се чудат: Зошто Чурлинов не е во првиот тим?

twitter.com/KaaaaHuuuu

На стартот од деветтото коло во Бундеслигата во петокот Келн загуби на гостувањето кај Мајнц со резултат 3:1.

И на овој меч во составот на Келн не беше македонскиот интернационалец Дарко Чурлинов. Келн веќе го претрпе шестиот пораз за моментно 16. место на табелата во најсилното германско првенство.

Младиот У21 репрезентативец Чурлинов (19) лани беше прв стрелец во јуниорската Бундеслига – Запад со 18 голови за У19 тимот на Келн.

Со добрите игри беше повикан ова лето во првиот тим да тренира со сениорите, беше одличен на пријателски мечеви со нови голови, а дебитираше и во Бундеслигата настапувајќи во Волфсбург, а беше и во составот за дуелот со Падерборн.

Но, тренерот Бејерлорзер веќе низа мечеви не го повикува, а својот талент денеска уште еднаш го покажа настапувајќи за вториот тим на Келн кој во 15. коло од Регионалната лига – Запад дома триумфираше со 4:1 против Липстад.

Чурлинов беше најзаслужен за трите бода реализирајни хет-трик, со погодоци во 34., 49. и 89. минута од средбата.

Овој меч со големо внимание го следеле навивачите на Келн кои веднаш со лавина коментари на социјалните мрежи, со едно прашање, зошто Чурлинов не е во првиот тим?

Еве дел од коментарите на Твитер:

-Чурлинов нема потреба да биде во резервниот тим. Што уште треба да направи? Ве молам, отворете ги очите!
-Чурлинов можеби замена за Кајнц или Шиндлер (овие двајца играат во првиот тим), господине Бејерлозер? Што уште треба да направи момчето за да игра со професионалците?
-Што уште треба да направи Чурлинов за да добие шанса? Момчето е одлично!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот