Навални за Путин: Голиот цар сака да владее до крај

Навални и Путин/Фото: EPA-EFE

Зборувајќи денеска за рускиот претседател Владимир Путин, лидерот на руската опозиција Алексеј Навални ја искористи фразата „Царот е гол” позната од приказната на Ханс Кристијан Андерсен. Ова се случи на судско рочиште по жалбата на Навални против паричната казна што му ја изрече судот за клевета на ветеран од Втората светска војна, јави ДПА.

– Голиот цар сака да владее до крај. Тој се залепил за владеењето, рече Навални, кој присуствува на судењето од казнената колонија преку видео конференција. Опозиционерот предупреди дека доколку Путин продолжи да владее, тоа ќе биде уште една украдена декада за Русите, што ќе се додаде на веќе изгубената декада.

– Сакам да му кажам на чесниот суд дека вашиот крал е гол. И не е само едно мало момче кое вика: Тој е гол, рече Навални, правејќи паралела со бајката „Царевото ново руво”.

– Дваесет години неспособно владеење доведоа до овој резултат… Постојат тони лаги на телевизија. И, се разбира, има огромно лично богатство, рече Навални.

На судското рочиште тој изгледаше многу слаб од штрајкот со глад, кој неодамна го најави и кој неодамна го заврши. Еден од неговите адвокати денеска кажа дека од 94 килограми ослабел на 72 килограми.

Самиот Навални во аудио запис емитуван од независната телевизија Дожд рече: Ме одведоа вчера во тоалетот. Имаше огледало и се погледнав. Изгледам како ужасен скелет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот