Навални префрлен во болница: Се пожали на треска и силна кашлица

Фото: Архива

Рускиот опозиционер Алексеј Навални бил префрлен од затвор во медицинска установа за лекување на можна респираторна инфекција и бил тестиран за коронавирус, пренесува весникот „Известија“, повикувајќи се на управата на затворот.

Претходно денес, Навални рече дека има температура од 38,1 и силна кашлица, како и дека тројца од 15-те затвореници од неговото одделение во затворот во регионот Владимир се хоспитализирани затоа што се сомневаат дека имаат туберкулоза.

Навални издржува затворска казна, а неодамна штрајкуваше со глад бидејќи наводно не добил соодветна медицинска нега.

ВИДЕО | „Овде е како хотел“: Бившата руска шпионка го посети Навални, а тој и порача: Ти си паразит

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот