ВИДЕО | „Овде е како хотел“: Бившата руска шпионка го посети Навални, а тој и порача: Ти си паразит

Кремљ објави снимка која наводно прикажува како изгледа престојот на опозиционерот Алексеј Навални во затворот, сакајќи да ги демантира тврдењата дека тој е изложен на тортура.

Како што наведе Навални пред неколку дена, тој заочнал штрајк со глад со наводи дека чуварите го малтретираат и не го оставаат да спие, како и дека одбиваат да го одведат на лекар заради болката во нозете и градите, пишува Дејли мејл.

Во затворот дури се појавила и Марија Бутина со телевизиска екипа која го прашала како може да тврди дека го малтретираат, „кога затворот изгледа како многу хотели во внатрешноста на земјата“.

На снимката се гледа таа, но Навални не, туку само се слуша неговиот глас.

Бутина му рекла дека треба да чисти по себе, за тоа да не го прават други и му објаснила како тоа претставува товар за другите.

-Ти многу лажеш, и рекол Навални.

Таа понатаму рекла дека воопшто не изгледа како тој да се мачи во затворот и дека се што прави тој е „претстава за јавноста“.

-Регионот Владимир е познат по своите институции за мачење, рекол Навални.

-Зарем ова е мачење? – му одговорила таа.

Навални потоа и порачал дека таа е „паразит и слуга на крадците на власта“, пренесува Дејли мејл.

Бутина се обидела да му објасни како таа им помага на луѓето, но Навални рекол дека тие нејзини изјави го смеат.

Потсетуваме, Русинката Марија Бутина, која беше во затвор во САД и која беше депортирана во Русија, пред две години прифати работа во државна служба. Претходно, таа призна вина на основа обвинение за планирање да делува во име на Русија како странски агент, преку инфилтрирање во група на активисти за оружје и вршење на влијание на конзервативни активисти и републиканци во САД.

Извор: Блиц.рс

 

Алексиј Навални / Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот