ВИДЕО | Наумоски: Ние сме во економска Трета светска војна

Синиша Наумоски
Синиша Наумоски / Утрински брифинг

Вчера беше конференцијата на Европската Комисија и таму беа извадени неколку точки со кои јасно и прецизно ги покажаа идните насоки и идните чекори на ЕУ. Деновиве се говори и за ограничувањата на речиси сите руски комерцијални банки да бидат исклучени од свифт системот и, што е исто така многу важно, најавите на Русија за подигнување на нивото на готовност на нуклеарните сили е показател на влијанието на воведените санкции.

– Путин добро знае дека околу 21 процент од девизните резерви им се во злато, но останатите се во аранжмани кои што ги дава ММФ како девизи за да се одржи девизниот курс стабилен, вели професорот Синиша Наумоски за Утрински брифинг.

– Ние сме веќе во трета економска светска војна која сериозно ќе и зададе удар на руската економија. Тие сега се во двоцифрена инфлација на ниво од 2015 година. Ако рубљата не може да се заузда и доколку ММФ не ви дава можност да ги менувате девизните резерви за зајакнување на економијата, во тој случај веќе имате сериозни економски последици. Затоа Путин беше многу нервозен – и кога не можете да се фатите за економија, се фаќате за оружје, вeли Нaумовски.

Тој додава дека излегувањето од оваа војна ќе биде тешко за Украина, но исто така ќе биде многу тешко и за Русија.

– Јас сум на мислење дека ќе се тактизира и ќе трае бидејќи Русија толку агресивно тргна во сето ова, Германија ја стави во една незавидна позиција, иако нејзината положба е полагодна, бидејќи изминатите години направи поголеми финансиски залихи, коментира Наумовски.

Комерцијалните банки во Русија се стабилни, економијата во Русија е на многу стабилно ниво, мала е јавната задолженост, но потфрлаат на монетарната политика, вели за Утрински брифинг професорот Синиша Наумоски.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот