Наумоски: Ги вративме долговите, Федерацијата е стабилна

Петар Наумоски, сега веќе поранешниот претседател на Македонската кошаркарска федерација , веднаш по изборот на Антиќ за негов наследник, му посака успех во работата и објави дека заминува задоволен од стработеното во неговиот мандат. Наумоски е горд што успеа по 16 години да ја деблокира сметката на Федерацијата која сега е и финансиски стабилна.

Соопштението на Наумоски ви го пренесуваме во целост:

Би сакал да им се заблагодарам на сите соработници и поддржувачи во изминативе четири години, да истакнам дека заеднички се донесоа доста промени, позитивни во интерес на кошарката.Можеби некој ќе каже дека можело повеќе, јас ќе кажам дека секогаш може подобро и повеќе меѓутоа уверен сум дека со овие ингеренции што МКФ и раководството ги има ова е максимумот.

Сметам дека и се оддолживме на оваа спортска институција и на кошарката преку нашето ангажирање и посветеност во последните четири години.

Ја деблокиравме 16годишната блокада на сметката на федерацијата, ги вративме сите долгови што само во континуитет се таложеле, ја доведовме федерацијата во стабилна, сигурна па и профитабилна организација, што всушност е работа и обврска на едно успешно раководство на која било институција.

Кошаркарскиот дом за федерацијата е добиен од пред 15ина месеци, но се уште го немаме добиено во владение поради имотно правни кочници и таму беше зацртана целата програма за развој на младите во текот на сите 12 месеци во годината, а не само 45-60 дена пред секое европско младинско првенство.

На новото раководство им посакувам успех и добри резултати во нивното работење.

Спортски поздрав,
Петар Наумоски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот