Наумоски: Австрија? Германија беше уште поголем фаворит против Македонија!

Во септември се новите репрезентативни обврски/Фото: ФФМ

Поранешниот македонски репрезентативец Илчо Наумоски кој поголемиот дел од клупската кариера ја има поминато во Австрија, го сподели своето размислување околу нашата репрезентација на Европското првенство.

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски ќе дебитираат на 13 јуни во Букурешт токму против Австријците. 37-годишниот Наумоски за македонската А репрезентација имаше 46 настапи и вкупно девет голови.

– Австрија е фаворит кога е во прашање ФИФА ранкингот или играчите. Но, Германија беше уште поголем фаворит, па загуби од Македонија (1:2, Дуизбург). Сега кога сме на Европско првенство, сакаме да направиме нешто и на ова големо натпреварување.

Да, Австрија ја победи Македонија двапати во квалификациите за ЕП. Триумфираше во Скопје (1:4) и нè надигра како ниту една друга репрезентација.

За Австрија можам да кажам дека заслужува барем да биде помеѓу најдобрите 16 на ЕП, имаат искусни играчи како Алаба и Арнаутовиќ. Според мене, Франко Фода (селекторот на Австрија) е еден од најдобрите тренери – вели Наумоски.

ФОТО: Првиот тренинг на македонската репрезентација во Букурешт

Пред првиот меч во Букурешт, срцето чука и за двете репрезентации, но Наумоски чувствува поголема наклонетот кон македонската селекција:

– Пораснав во Австрија, но имам македонско потекло. Ова се двете земји кои ги сакам повеќе од сè. Играв за Македонија, сакам таа да победи. Но, реми исто така би бил добар старт и за двете репрезентации – додава Наумоски.

Холандија во проблеми, една од ѕвездите нема да игра на ЕП

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот