Наследникот на секс симболот од 90-те мами воздишки: Постариот син на Памела Андерсон е брутално згоден! (ФОТО)

профимедиа

Памела Андерсон (52) важи за секс симбол на деведесетите, жена за која мажите лудееа кога се прослави со улогата Си Џеј во серијата „Чувари на плажата“.

Фаталната плавуша водеше бурен љубовен живот со музичарот Томи Ли со кој има два сина Брендон Томас (23) и Џегер Ли (21).

Нивниот брак беше полн со проблеми, страст и агресија, па така пројдоа низ различни фази од обвинувањето на Памела за семејно насилство над неа и децата, па се до престојот на Томи во затвор.

Постариот син на актерката и рокерот Брендон Томас се занимава со манекенство и многу модни куќи често го ангажираат поради сличноста со Џејмс Дин. Најголемиот број на едиторијали ги изработил за модната куќа „Dolce & Gabbana“.

брендон е активен и на Инстаграм, каде поставува фотографии од своето мускулесто и совршено обликувано тело.

View this post on Instagram

Tasteful…

A post shared by Brandon Thomas Lee (@brandonthomaslee) on

Освен што се фали со стомачните, можеме да забележиме и дека одлично изгледа и кога ќе се појави на црвениот тепих.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот