Напнато е на „Камп Ноу“, Меси со ултиматум до Барселона!

фото: твитер

Меси е толку нерасположен во последно време што на тренинг се најде во конфликт и со германскиот голман Марк Андре Тер Штеген.

Потсетување дека Барса изненадувачки беше елиминирана уште во четвртфиналето од Кралскиот куп после поразот на „Сан Мамеш“ од Атлетик Билбао.

Лионел Меси, најдобриот фудбалер на светот, постави ултиматум до својот клуб Барселона, пишуваат шпанските медиуми.

„Ел Чирингито ТВ“ пренесува дека претседателот на каталонскиот клуб Жозеп Марија Бартомеу му даде поддршка на спортскиот директор Ерик Абидал, кој неодамна влезе во конфликт со Меси.

Според последните информации, првиот човек на Блауграна во средата организираше состанок на кој се обиде да ја смири ситуацијата, но тоа не помина најдобро.

Исто така, Аргентинецот посакува нови избори за претседател на клубот после кои Бартомеу беше сменет, како и Абидал, а потоа за тренер на Барселона го постави својот голем пријател и поранешен соиграч Чави Ернандес.

Меси е толку нерасположен во последно време што на тренинг се најде во конфликт и со германскиот голман Марк Андре Тер Штеген. Двајцата се расправаа околу една загубена топка по што дојде до нервоза, па соиграчите мораа да ги одвојат за да не дојде до поголем инцидент.

Доколку не помине ултиматумот на Меси, тој уште во наредното лето би можел да биде слободен играч, а во редот за неговиот потпис чекаат многубројни великани како што се Јувентус, ПСЖ, Манчестер сити, Манчестер јунајтед и Интер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот