Реал и Барселона елиминирани од Кралскиот куп

Двата најтрофејни шпански тима се елиминирани во четвртфиналето на Кралскиот куп.

Реал Мадрид доживеа шокантна елиминација во четвртфиналето од кралскиот Куп губејќи со 3:4 од Реал Сосиедад и тоа на „Сантијаго Бернабеу“.

Гостинскиот тим беше на праг да го понижи Реал Мадрид бидејќи со головите на Одегард во 22. минута и на Исак во 54. и 56. минута водеа со 0:3.
Марсело намали на 1:3, но во 69. минута Мерино зголеми на 1:4.

За да избегнат вистинско понижување се погрижија Родриго и Начо кои постигнаа два гола во самиот финиш на натпреварот.

За второто големо изненадување се погрижи Атлетик Билбао кој ја совлада Барселона со 1:0 и тоа со голот на Инаки Вилијамс во 93. минута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот