Напаѓачот на главниот уредник на „Монитор“ бил апсен неколку пати

Според црногорските медуми, станува збор за познат извршител на кривични дела.

Драгутин Шуковиќ (55) од Подгорица, кој го нападна главниот уредник на подгоричкиот неделник „Монитор“, Есад Кочан, е приведен во полиција.

Според црногорските медуми, станува збор за познат извршител на кривични дела.

Шуковиќ го пресретнал Кочан пред влезот на зградата во која живее новинарот и почнал да го навредува, па го нападнал.

Портпарол на Основното државно обвинителство во Подгорица, државниот обвинител Вукас Радоњиќ изјави дека Суковиќ бил уапсен по наредба на дежурен обвинител.

Тој изјави дека Шуковиќ е уапсен поради сомнение дека сторил кривично дело загрозување на безбедноста.

Од црногорската полиција потврдуваат дека Шуковиќ бил уапсен повеќе пати од 2010 година, меѓу другото и за кривично дело убиство во обид, откако во 2013 година со нож го ранил Г.М., инцидент кој се случил во Подгорица. Тој исто така бил уапсен за дрога, семејно насилство и за напади врз полицајци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот