Наоми Кемпбел се огласи за првпат откако стана мајка: Никогаш досега не сум почувствувала толку многу љубов

Instagram
принтскрин инстаграм

Наоми Кемпбел неодамна стана мајка, а веста ја сподели на својот инстаграм-профил. Светски познатиот супермодел сега, откри како се чувствува во новата улога.

ФОТО | Наоми Кемпбел стана мајка на 50 години: Манекенката шокираше со објавата на Инстаграм

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Naomi Campbell (@naomi)

Ви благодарам на сите за топлите пораки за поддршка и роденденски желби“, додава Кембел, која минатата сабота наполни 51 година. „И покрај предизвикувачката година што ја имавме сите, имаше толку многу благослови за кои сум многу благодарна. Со Божја помош ние наскоро ќе ја видиме светлината на крајот од тунелот, силата и упорноста“, истакна таа.

Кембел во минатото отворено зборуваше во врска со нејзината желба да стане родител, вклучително и во 2018 година, кога за „Vogue Arabia“ прозборе за тоа како децата секогаш успеваат да го извлечат најдоброто од неа.

 

Би сакала да имам деца. Не се одрекувам од ништо во животот. Сакам деца и секогаш ќе ги сакам“, рече Кемпбел за списанието. „Кога сум околу деца, и јас станувам дете. Тоа е малото девојче кое никогаш не сакам да го изгубам“.

А во 2017 година Наоми рече дека размислува да стане мајка, но не брзала да ја оствари таа своја замисла. „Размислувам за тоа да имам деца цело време“, во тоа време изјави таа за списанието „Evening Standard“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот