Наместо да прослават нокаут-фаза во ЛШ, се тепаа со своите навивачи! (ВИДЕО)

фото:твитер

Лион забележа реми против Лајпциг на домашен терен (2:2), иако после првото полувреме имаше негатива од 0:2. После мечот наместо да прослават пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите, дојде до инцидент и изби тепачка.

Мемфис Депај, капитенот на францускиот клуб, најдобар играч и стрелец на Лион кој го постигна вториот гол за учество во нокаут фазата напуштајќи го теренот забележа дека еден од навивачите застана покрај голот со знаме на кое пишуваше „Марсело, оди си“.

Покрај пораката до бразилскиот дефанзивец на Лион, имаше и цртеж на магаре, што значи дека не е посакуван, најомразен од фановите на оваа екипа.

Холанѓанецот Депај застана во одбрана на соиграчот така што веднаш дотрча до навивачот со навредливото знаме и му го тргна од раце, по што се направи вистинска мешаница.

Бројни навивачи тргнаа во физичка пресметка со Депај, тоа го забележаа и останатите тимски колеги, а потоа веднаш реагираа и полицајците и редарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот