Најубавиот дар на Василица: Водителката Милена Антовска се породи со девојче

милена антовска
Фото: Принтскрин / Инстаграм

Празникот Василица денес доби посебно значење за нашата позната водителка и инфлуенсерка Милена Антовска и нејзиното семејство – денес Милена на свет ја донесе ќеркичката Јоана!

Водителката денес по втор пат стана мајка. На овој празничен ден Милена се породи со своето второ девојче, чие име е веќе познато дека ќе биде Јоана.

милена антовска
Фото: Принтскрин / Instagram

Ова е второ дете на водителката, а воедно и втора ќерка, која доаѓа четири години по раѓањето на нејзиното прво дете. Интересен е фактот дека и нејзината прва ќерка, Лана Марија, е родена на празничен ден – Голема Богородица, што воедно ги навело и тогаш новите родители да го додадат името Марија на веќе избраното име Лана.

Уште еден интересен податок е дека приновата доаѓа само еден ден по роденденот на самата Милена, која вчера го прослави својот роденден исто така празнично, на денот на Стара Нова Година.

Милена освен по водителските активности е позната и по нејзините објави и инсфлуенсерство на социјалните мрежи, па во текот на бременоста јавноста имаше можност да се запознае со текот на истата и како Милена се справува со неа.

„Не секој ден од бременоста е лесен, но секое ново утро ме носи поблиску до тебе❤️Знам дека нема да биде лесно, но сигурна сум дека ќе вреди“, објави Милена два месеци пред породувањето, на објава на фотографија од настан.

Честитки до Милена и нејзиниот сопруг Гордан, и добредојде на малата Јоана!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот