Најмалку 10 чекори за осудените за „Диво насеље“ казните да ги доодлежат во Косово

Диво-насеље
Диво насеље, Куманово / Фото: Архива на Слободен печат

Кумановската група осудена за „Диво насеље“ ќе биде трансферирана на доотслужување на затворската казна во Косово ако им бидат уредни барањата и ако за тоа има согласност и од Македонија и од Косово, изјави на брифинг со новинарите министерот за правда Кренар Лога. Тој не сакаше да прејудицира дали лично смета дека кумановската група треба затворските казни да ги доотслужат во својата земја, како што тие веќе побарале од ресорното министерство.

Според Лога, најмалку 10 чекори ја делат кумановската група до екстрадиција во Косов. Тој укажа дека тие прво ќе треба да ги доуредат барањата бидејќи не се во согласност со законот.

„Не можам да кажам пред време, без да имам став од сите чинители поврзани со ова прашање. Би сакал да сум воздржан“, рече Лога на прашањето кој е неговиот став за барањето на кумановската група.

„Јас го побарав досието поврзано со трансферот на кумановската група. Најголем дел од тие барања не е според тоа што предвидува законот. Остануваат уште најмалку 10 чекори до нивниот трансфер во Косово. И за ова прашање ние ќе треба да имаме согласност од двете страни. Се надевам дека за овие и други прашања ќе имаме комуникација во државата, но и со Косово“, изјави Лога.

Некои од осудените за Диво Насеље имаат косовски државјанства. Од 29 осудени, седуммина се со казни доживотен затвор, 13 казни затвор од 40 години и други пониски казни. Осудените 28 часа пукаа на македонската полиција во Куманово, а судот ги осуди на вкупно 746 години затвор. Обвинети се за тероризам за настаните во Куманово од 9 до 10 мај 2015 година, во кои загинаа осум полицајци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот